Наши пријатели

Почнa продажбата на влезниците за Македонија – Чешка

Radost 2

Македонската машка ракометна репрезентација во недела (18.06.2017), со почеток од 20:45 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра последниот натпревар од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Чешка.

Продажбата на влезници за натпреварот почнa денес (12.06.2017) од 12:00 часот, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се резервираат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

[Продажна мрежа – МК Тикетс]

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Македонската машка ракометна репрезентација последната фаза од Квалификациите за ЕП 2018 ја почнува во четврток со натпревар на гостински терен против Украина во Суми. Веднаш по завршувањето на таа средба, нашата репрезентација се враќа во Скопје за последниот меч против Чешка во недела од 20:45 во СЦ „Борис Трајковски“.

Групата во која се наоѓаат Македонија, Чешка, Исланд и Украина е засега најизедначената група во Квалификациите, со тоа што сите четири репрезентации имаат по 4 освоени бодови по првите 4 одиграни кола. Последните две кола ќе ги одредат двајцата патници на континенталниот собир во Хрватска.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright