Победа против Турција во пријателски натпревар

Победа против Турција во пријателски натпревар

Вечерва сениорската машка реперезентација на Македонија забележа победа против репрезентација на Турција во пријателски натпревар што се одигра во Ескишехир со резултат 23 – 26, на полувреме 11 – 15.

Цврстата игра во одбараната и успешната реализација во нападот во текот на целиот натпревар овозможија победа за нашата сениорска репрезентација. Уште на самиот старот на натпреварот, односно по четири минути игра Македонија имаше предност од три погодоци. До крајот на првото полувреме репрезентацијата ја одржуваше предноста и резултатот беше 11 – 15 со корист на Македонија.

Второто полувреме започна со гол за гол игра, се до средина на полувремето кога Македонија ја имаше и највисоката предност од шест погодоци 22-16, до крај на натпреварот домаќините успеаа да ја намалат негативата за конечни 23 – 26.

Најефикасен ракометар беше Жарко Пешевски со осум постигнати погодоци, потоа Поповски постигна шест погодоци, а по четири постигнаа Танкоски и Маџовски.

Репрезентацијата на Македонија ќе одигра уште еден пријателски натпревар во Ескишехир против репрезентацијата на Италија, а потоа во Скопје ќе одигра уште два пријателски натпревари против репрезентацијата на Грузија.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на