Победа против Финска во Рихимаки

Репрезентацијата на Македонија во претпоследниот натпревар од квалификациската група за пласман на Men’s EHF EURO 2022 што ќе се одржи во Словачка и Унгарија, забележа победа против репрезентацијата на Финска со резултат 22:27.

На денешниот меч, противникот имаше резултатска контрола и тесно водство од гол два разлика во текот на целото прво полувреме. Репрезентацијата на Финска во 21-та минута од натпреварот го имаше своето најголемо во водство од три погодоци (12:09), на полувреме се замина со резултат 14:12 за Финска.

Во второто полувреме, ракометарите на Финска го одржуваа водството од два погодоци (16:14), се до 41-та минута кога ракометарите на Македонија успеаа да го изедначат резутатот (17:17), потоа во 49-тата минута Македонија преку Лазаров го превзема водството на натпреварот (20:19), водство кое до крај на натпреварот ракометарите на Македонија го одржуваа и го зголемуваа за конечни 22:27.

Кирил Лазаров и Филип Кузмановски беа најефикасни ракометари за нашата репрезентација со по пет постигнати погодоци, додека за Финска најефикасен беше Макс Гранлуд со шест погодоци.

Во последното коло од квалификациската група за пласман на Men’s EHF EURO 2022 сениорите ќе играат против репрезентацијата на Швајцарија.
Натпреварот е закажан за 02.05.2021 (недела) во 18:00 часот во СЦ “Јане Сандански”.

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на