Наши пријатели

Победа против Чиле за крај на Квалификациите за ОИ. Мојсовски со емотивно простување од националниот дрес

ok-gdansk-2016-makedonija-chile-10042016-7001

Македонската сениорска репрезентација со победа над Чиле од 30-27 го заврши Квалификацискиот турнир за Олимписките игри 2016 на третото место на табелата во групата, недоволно за пласман во Рио.

По поразот од Тунис во решавачкиот натпревар, избраниците на Ивица Обрван собраа сили да го одиграат последниот меч во квалификациите, во кој водеа во целиот негов тек и заслужено славеа на крајот.

Обрван одмори неколку клучни играчи во тимот, давајќи им посериозна шанса на помладите. Тие предводени од мотивираниот Наумче Мојсовски, кој ја најави оваа средба како последна во неговата репрезентативна кариера, знаеја како да се справат со противникот кој влезе во натпреварот без било каков притисок. На полувреме се замина со предност на Македонија од 17-14, а во второто полувреме предноста во неколку наврати се зголемуваше. Чиле успеа на моменти пред крајот да го намали резултатот, но нашите ракометари не дозволија противникот да дојде до изедначување и го приведоа мечот кон крај за триумф од 30-27.

Никола Костески одигра одлична средба, завршувајќи ја со 6 постигнати голови. По 4 гола додадоа Мојсовски, Миркуловски и Манасков (4 од седмерец), а реализатори беа уште Митков (3), Никола Маркоски (3), Стоилов (1) и Прибак (1). Голманот Никола Митревски го заврши мечот со 9 одбрани.

По натпреварот, Наумче Мојсовски го доби признанието за најдобар играч на мечот и поздравувајќи се со соиграчите, стручниот штаб и присутните македонски навивачи на трибините, емотивно се прости од националниот дрес.

22120-zoshto-ne-znaeme-da-gi-ispratime-legendite-so-stil-bolat-solzite-na-ilievski-i-mojsoski

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright