Победа на Македонија во првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2020.

Победа на Македонија во првиот натпревар во квалификациите за ЕП 2020.

Вечерва забележана првата победа на Македонската сениорска репрезентација против репрезентацијата на Турција.

Во еуфорична атмосфера , преполна сала се одигра натпреварот помеѓу Македонија и Турција.

Во првото полувреме репрезентацијата уште од самиот почеток го превзеде водството и одржуваше континуирана предност и во одреден период изнесуваше 6 голови. Првото полувреме заврши со водство на Македонија (17-13).

Во второто полувреме Македонија во еден период од натпреварот имаше и 8 голови предност, потоа следеше благ пад во играта на репрезентацијата, серија неискористени напади предводеа до намалување на предноста, конечниот резултат на натпреварот 31-27 во корист на Македонија.

Најдобар стрелец за Македонија беше Кире Лазаров со 8 постигнати погодоци, потоа Манасков со 6 погодоци, додека за репрезентацијата на Турција листата на стрелци ја предводеше Горкем Бицер со 6 погодоци.

Официјален записник од натпреварот.

Следен натпревар од квалификацискиот циклус за ЕП 2020 е против репрезентацијата на Грција 28.10.2018 г.( недела) 16:00 часот.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на