Наши пријатели

Победа и реми за кадетите во пријателските средби против Бугарија пред ЕП

hand-1280x640

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) победи во првиот и одигра нерешено во вториот пријателски натпревар против Бугарија, во последните подготовки пред почетокот на ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Варна и Камчиа почнувајќи од утре.

Избраниците на Иле Темелковски постојано водеа во текот на првата средба што се играше во Варна, а по водството на полувремето од 15-14, рано во второто полувреме ја зголемија предноста која немаа проблеми да ја одржат до крајот за конечен триумф од 33-27. Во вториот натпревар што денеска се одигра во Камчиа се играше резултатски многу поизедначено, а двете екипи често во текот на мечот ја менуваа предноста. На полувремето Бугарија замина со водство од 11-10, но иако нашата репрезентација направи пресврт и во самата завршница поведе со 23-21, натпреварот заврши нерешено 25-25.

Овие два натпревари беа последни за нашиот кадетски тим пред почетокот на ЕХФ Шампионатот. Турнирот почнува утре, а Македонија во првото коло се среќава со селекцијата на Кипар од 14:00 часот по македонско време.

Македонија покрај со Кипар, во групата А ќе игра уште и со Ерменија, Украина, Косово и Унгарија. Во групата Б се Бугарија, Турција, Фарски Острови, Финска и Луксембург.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright