Наши пријатели

Обраќање на Живко Мукаетов, Претседател на Ракометната Федерација на Македонија

лог

Драги репрезентативци, ракометни работници, почитувани претставници на медиумите и љубители на ракометот,

Нашите ракометни сениори на 15 јуни 2016г. во 20:00 часот ќе се соочат со уште еден тежок предизвик. Претстојниот натпревар помеѓу националните селекции на Македонија и Чешка за СП Франција 2017, е многу повеќе од квалификациски меч. Утрешниот натпревар за нас како Федерација претставува мост помеѓу македонската ракометна историја и иднината на нашиот национален ракометен дрес.

Токму затоа, на утрешниот натпревар апелирам до нашите момци да ги вложат макар и последните атоми од силите за да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања. Да го дадеме најдоброто што го знаеме и умееме за непречен тек на приказната чии продолженија ги славиме секој јануари.

Да ги израдуваме нашите верни навивачи кои поминуваат илјадници километри во невозможни услови со цел да ги бодрат своите јунаци при големите подвизи и кои сум сигурен дека и на утрешниот натпревар ќе ни дадат максимална поддршка од трибините во ВИП Арената ,,Борис Трајковски”.

Драги репрезенативци и стручни ракометни соработници: просторот за оправдувања се стесни. Затоа, апелирам да се сфати сериозно секоја секунда од семафорот на утрешниот натпревар. Да се остави срце на терен, онака како што многу пати досега се случувало. Со сета сила да се брани македонскиот ракометен идентитет, затоа што тоа ú го должиме на целата нација!

За МАКЕДОНИЈА!

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright