Наши пријатели

Младинките поразени од фаворитот Унгарија во полуфиналето од турнирот во Будимпешта

01

Младинската женска ракометна репрезентација на Македонија, во склоп на Фајнл Фор турнирот во женската Лига на Шампиони, настапува на меѓународен турнир во Будимпешта. Во полуфиналната пресметка со домаќинот, Македонија загуби со 37-20.

Селекцијата на Унгарија, која важи за еден од главните фаворити за трофејот на претстојното ЕП во Словенија во оваа младинска конкуренција и која е освојувач на бронзениот медал од последното ЕП, во второто полувреме ја направи разликата која ја доведе до висока победа. По првото полувреме, избраничките на Борче Марковски имаа негатива од 2 гола (14-12).

Најефикасна во нашиот тим на овој прв натпревар беше Леонида Гичевска со 5 погодоци, а 4 додаде Мери Арсениевска. Стрелци на по 2 гола беа Анастасија Николовска, Ања Велкова и Сара Стефановска, додека по еден погодок постигнаа уште Гугуљанова, Камческа, Божиновска, Граматова и Гајиќ.

Натпреварот за третото место на турнирот во Будимпешта ќе се игра во недела од 10:30 часот, а противник на нашата селекција ќе биде Црна Гора.

Инаку, овој турнир е во склоп на подготовките на нашите младинки за настап на Европското Првенство што летово ќе се игра во Словенија. Македонија се наоѓа во групата Б заедно со селекциите на Русија, Хрватска и Норвешка.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright