Македонија со триумф ги почна квалификациите за ЕП

Македонија со триумф ги почна квалификациите за ЕП

Младинките на Македонија со победа, 24-22 (8-10) ги почнаа квалификациите за ЕП што летово треба да се одржи во Шпанија.

Со одличното второ полувреме во кое не само што направија пресврт во играта туку и во резултатот, нашите младинки имаат предност што ја задржаа до самиот крај. А последните минути донесоа голема неизвесност, бидејќи Македонија им даде две шанси на Исланѓанките да реализираат, но и двете репрезентации имаа избрзани напади. Во последната секунда Ѓорѓиоска постигна гол за радоста на теренот и трибините.

Сара Ристова со 9 гола беше најефикасна во репрезентацијата на Македонија, а Ангела Тодоровска, Симона Стојановска и Теодора Керамитчиева постигнаа по четири гола.

Утре Македонија игра со Холандија (18,30 ч) во СРЦ Кале, а влезот е слободен.

 

На првиот натпревар од групата, Црна Гора со 30-25 ја победи Холандија.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на