Наши пријатели

Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2022

МКД

Македонија со победа ги почна квалификациите за ЕП 2022.

Вечерва во Скопје, Македонија ја совлада репрезентацијата на Финска и со два бода ќе патува на гостувањето во Швајцарија во второто коло од квалификациите за ЕП 2022. Воведните десетина минути од натпреварот се играше израмнето, со повеќе нереализирани шутеви од двете страни. Како се развиваше мечот, Македонија ја преземаше контролата и поведе со 10-5 по дваесет минути игра.

Водството на македонскиот тим не беше загорзено до крајот на првиот дел и покрај тоа то селекторот на Македонија почна шанса да им дава на повеќе ракометари. На полувреме беше 16-10, а Македонија постојано имаше контрола врз резултатот и во второто полувреме. Треба да се одбележи дека сите ракометари од ростерот добија шанса да играат. Најефикасен беше капитенот Лазаров кој игршае 40-тина минути и постигна 11 погодоци. Конечен резултат на натпреварот 32:24 во корист за Македонија.

кире1.

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright