Наши пријатели

Македонија се пласираше на ЕП за младинки во Шпанија

Tim MKD 1

Младите ракометарки на Македонија до 19 години се пласираа на завршниот турнир од ЕП што летово ќе се одржи во Шпанија, откако во второто коло на турнирот во Скопје беше победена Холандија со 26-19.

Со две победи од два натпревари нашите младински го постигнаа најголемиот успех, без разлика на утрешниот натпревар со Црна Гора. Тој ќе решава за првото место и потоа за подобро рангирање при ждрепката за ЕП.

Откако на првиот меч со Исланд одиграа во грч и дури во завршните минути победија, сега покажаа сосема ново светло, добра игра во одбрана и во некои моменти во второто полувреме има аи десет гола предност.

Веќе до 20. минута нашето водство изнесуваше 10-5. Одбраната беше без мана, нападот ги користеше шансите и затоа оваа позитива остана и на паузата, со 13-8.

Во вториот дел Холанѓанките се обидоа со поагресивна одбрана, но придонесоа само за периодична мала криза во нашите редови. Тоа не го запре налетот до највисоки 10 разлика во 45. минута, со 21-11, а потоа и мирен финиш. Теа Керамичиева беше играч број еден со 10 гола, Ангела Тодоровска постигна шест, а Сара Ристовска четири.

Утре во 18:30 Македонија ќе игра против Црна Гора за престиж.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright