Македонија против Шпанија ја отвора втората фаза на ЕП

Македонија против Шпанија ја отвора втората фаза на ЕП

Сениорската машка ракометна репрезентација денеска ги почнува настапите во втората фаза на Европското Првенство во Хрватска. Прв противник за избраниците на Раул Гонзалез е селекцијата на Шпанија.

Натпреварот што ќе се игра во Вараждин Арена е закажан да почне од 20:30 часот, а се очекува голем број македонски навивачи да ги бодрат нашите ракометари од трибините. Селекторот Гонзалез пред овој натпревар направи една измена во составот, го вклучи Филип Лазаров кој ќе биде дел од 16-те ракометари на местото на Никола Маркоски.

Македонија со 3 бода моментално се наоѓа на третото место на табелата, со бод помалку но и натпревар помалку од Данска и Германија кои веќе го одиграа своето прво коло во главната фаза. Шпанија се наоѓа веднаш зад Македонија на табелата со 2 бода, откако во првата групна фаза славеше убедливо над Чешка (32-15), додека од Данска доживеа пораз (25-22). Денеска покрај средбата Македонија – Шпанија, во Вараждин ќе се одигра и натпреварот Германија – Данска кој ќе почне од 18:15 часот.

Македонија и Шпанија последен пат се сретнаа во јануари 2017 година на Светското Првенство во Франција и тогаш Шпанија славеше со 29-25. Последен пат на Европските Првенства меѓусебе играа во 2014 година во Данска, кога Шпанија победи со 33-22.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести