Македонија поуспешна од Црна Гора во вториот пријателски натпревар

Македонија поуспешна од Црна Гора во вториот пријателски натпревар

Денес се одигра вториот пријателски натпревар помеѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Црна Гора. Македонската репрезентација поуспешна од репрезентацијата на Црна Гора, натпреварот заврши со резултат 21-17, на полувреме 09-09.

Репрезентацијата одигра одлично во текот на целиот натпревар, цврстата игра во одбраната и ефикасноста во нападите и донесоа резултатска предност од 4 погодоци, предност која ја задржаа до крајот на натпреварот.

За репрезентацијата на Македонија најефикасна ракометарка беше Ивана Гакидова со 6 погодоци, додека за репрезентацијата на Црна Гора беше Јелена Деспотович со 5 погодоци.

Официјален записник од натпреварот.

Овие контролни натпреварии претставуваа генерална проба на квалитетот пред бараж дуелите со Словенија за пласман на Мундијалот во Јапонија.

Претходно во 10:00 часот пријателски натпревар одиграа и младинските репрезентации на Македонија и Црна Гора. Поуспешна беше репрезентацијата на Македонија со резултат 27:25, на полувреме 14:15.

Официјален записник од натпреварот.

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести