Наши пријатели

Кадетската машка репрезентација во група Ц на СП 2019

Slika

Кадетската машка ракометна репрезентација, денеска на извлекувањето во Базел ги доби петте противници.

На СП 2019 што ќе се одржи во Македонија во период од 06 до 18 август ќе учестуваат 24 репрезентации поделени во четири групи по шест репрезентации.

Селекторот на Македононја Данило Брестовац, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов ги влечеа репрезентациите и групите во кои ќе настапат репрезентациите на претстојното СП.

Македонија имаше привилегија да одбере во која група ќе настапи на СП 2019, ја одбра групата Ц во која ќе се сретнат против репрезентациите на Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.

СП МАКЕДОНИЈА 2019:

Група А: Словенија, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Чиле, С. Арабија

Група Б: Унгарија, Шведска, Франција, Египет, К. Тајпеј, Канада

Група Ц: Македонија, Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина, Нигерија

Група Д: Србија, Исланд, Германија, Тунис, Бразил, Португалија

 

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright