Наши пријатели

Кадетите и Јуниорите во понеделник ќе ги дознаат противниците на ЕХФ Шампионатите во 2020 година

draw

Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на групите за MEN’S M18 EHF Championship 2020 што ќе се одржи во Македонија во период од 13 – 20 август 2020 година.

Извлекувањето на групите за MEN’S M18 EHF Championship 2020 е закажано на 04.11.2019 во 14:30 часот во канцелариите на ЕХФ во Виена.

Вкупно 8 репрезентации ќе учествуваат на MEN’S M18 EHF Championship 2020, а пред извлекувањето се поделени во 4 шешири, и ќе формираат 2 групи по 4 репрезентации.

Шешир 1: Полска и Швајцарија

Шешир 2: Македонија и Украина

Шешир 3: Грузија и Естонија

Шешир 4: Грција и Босна и Херцеговина

Дополнително Кадетски Шампионати ќе се одржат во Бургас (Р. Бугарија) и во главниот град на Црна Гора, Подгорица за генерација до 18 години, додека европското првенство во Кадетска конкуренција (EHF Euro U18) ќе се одржи во Целје, Словенија.

 

Јуниорската машка репрезентација исто така е во вториот шешир за претстојното извлекување на групите на MEN’S M20 EHF Championship во Рига, Латвија во период од 03 – 12 јули 2020 година.

Извлекувањето на групите за MEN’S М20 EHF Championship 2020 е закажано на 04.11.2019 во 15:00 часот во канцелариите на ЕХФ во Виена

Вкупно 11 репрезентации ќе учествуваат на MEN’S M20 Championship 2020, а пред извлекувањето се поделени во 6 шешири и ќе формираат 2 групи (една група со пет репрезентации и една група со шест репрезентации).

Шешир 1: Романија и Белорусија

Шешир 2: Македонија и Турција

Шешир 3: Луксембург и Грузија

Шешир 4: Латвија и Бугарија

Шешир 5: Косово и Велика Британија

Шешир 6: Белгија

Дополнителен Јуниорски Шампионат ќе се одржи во Бугојно, Босна и Херцеговина за генерација до 20 години, а ќе настапат репрезентациите на Полска, Чешка, Холандија, Фарски Острови, Словачка, Црна Гора, Финска, Естонија, Грција и Босна.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright