Извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија во машка и женска конкуренција

Денеска во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Фајнл Фор турнирот во машка и женска конкуренција ќе се игра во Спортската сала „Куманово” во период од 09 до 11 мај.

Полуфиналните натпревари во машка конкуренција ќе се одиграат во петок (10 мај) и ќе започнат од 17:00 часот и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 20:00 часот.

Куп на Македонија, Мажи

Полуфинале:

10.05.2019  –  РК Металург – РК Бутел Скопје

10.05.2019  –  РК Вардар – РК Еурофарм Работник

Финале:

11.05.2019 – 20:00 часот

Полуфиналните натпревари во женска конкуренција ќе се одиграат во четврток (09 мај) и ќе започнат од 17:00 часот и 20:00 часот, додека финалето во сабота (11 мај) ќе се игра од 16:00 часот.

Куп на Македонија, Жени

Полуфинале:

09.05.2019  –  ЖРК Куманово – ЖРК Металург

09.05.2019  –  ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка

Финале:

11.05.2019 – 16:00 часот

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на