Наши пријатели

Известување за акредитирање на медиуми за натпреварот Македонија – Турција

лог

Почитувани претставници на медиумите,

Ракометната Федерација на Македонија Ве информира дека апликациите за акредитации за претстојниот квалификациски натпревар за обезбедување пласман на ЕП 2020 што ќе се одигра во СС „Боро Чурлевски“ во Битола на ден 25.10.2018 година со почеток од 20:15 часот помеѓу националните селекции на Македонија и Турција, можете да ги испраќате на следнава електронска адреса:

agjorgjevikj@macedoniahandball.com.mk

Рокот за аплицирање е до 19.10.2018 (петок), заклучно со 16:00 часот, додека подигнувањето на акредитациите ќе се одвива во просториите на Ракометната Федерација на Македонија на 22.10. и 24.10.2018 (понеделник и среда) најдоцна до 12:00 часот.

Напомена: Апликациите испратени по истекот на овој рок нема да бидат земени предвид.

Однапред Ви благодариме.

 

Со почит,

 

Ракометна Федерација на Македонија

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright