Наши пријатели

Ивица Обрван го објави скратениот список од 17 ракометари за ЕХФ неделата 02-08.11.2015

Сениорската машка репрезентација на Македонија, во склоп на ЕХФ неделата што ќе се случува од 2 до 8 ноември, ќе настапи на турнир во Умаг, Хрватска, како дел од подготовките за настап на ЕП 2016.

Турнирот во Умаг ќе се игра во периодот од 6 до 8 ноември, на кој покрај Македонија и домаќинот Хрватска, ќе настапи и Црна Гора. Според предвидениот распоред, нашата селекција своите средби ќе ги игра во петок и во сабота:

06.11.2015 (пет) Хрватска – МАКЕДОНИЈА
07.11.2015 (саб) МАКЕДОНИЈА – Црна Гора

Селекторот на нашата најдобра машка репрезентација, Ивица Обрван, својот прв собир со ракометарите го закажа за 2 ноември во 12:00 часот во хотелот Русија во Скопје, а ќе се тренира во Скопје и во наредните три дена, заклучно со 5 ноември, за кога е предвидено патувањето за Хрватска.

Обрван го објави списокот од 17 ракометари на кои смета за ЕХФ неделата:
Борко Ристовски
Никола Митревски
Дејан Манасков
Гоце Ојлески
Гоце Георгиевски
Никола Костески
Жарко Пешевски
Никола Маркоски
Филип Лазаров
Влатко Митков
Немања Прибак
Кирил Лазаров
Филип Талевски
Филип Кузмановски
Милорад Куковски
Дарко Димитриевски
Стефан Дрогришки

СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ ЗА ЕХФ НЕДЕЛА

Инаку, покрај овој дел од подготовките во склоп на ЕХФ неделата, сениорите своите последни подготовки пред стартот на ЕП се очекува да ги започнат на крајот на декември 2015 година. Во тој период пред почетокот на континенталниот шампионат, Македонија веќе има закажано уште два пријателски натпревари против Словенија во Крско на 4 јануари и во Целје на 5 јануари. Европското Првенство во Полска почнува на 15 јануари, а Македонија се наоѓа во силна група со Франција, Србија и домаќинот Полска.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright