Информација за пријава за учество во кадетска женска и пионерска женска и машка лига за натпреварувачка сезона 2020/21

Информација за пријава за учество во кадетска женска и пионерска женска и машка лига за натпреварувачка сезона 2020/21

Ве известуваме најдоцна до 30 Јуни 2020 год. да го пријавите Вашето учество во кадетска женска и пионерска женска и машка лига, во системот на натпреварување во организација на РФМ за натпреварувачка сезона 2020/2021 год.

Прaво на учество имаат:

кадетки родени 2004 год. и помлади

пионерки родени 2006 год. и помлади

пионери родени 2004 год. и помлади

Образложение: Во предмет известување Информација за пријава во национален систем на натпревари, воедно Ве молиме да ни доставите секој клуб засебно, кои возрасни категории се застапени во рамките на секој спортски субјект.

Поради зголемениот интерес на клубовите, тренерската организација и зголемен број на млади ракометари/ки кои не се во систем на кадетски и пионерски лиги, би сакале да не информирате (најдоцна до 30 Јуни 2020) дали Вашите клубови имаат селектирано екипи кои се помлади од предвидените генерации со пријави во женска и машка конкуренција.

По добивање на Вашите податоци зависно од бројот на пријавите, ќе бидете информирани .дали ќе биде и на кој начин организирано натпреварување во тие категории.

Пријавата да биде во писмена форма, може да биде испратена и по електронска пошта: daniela.damjanovska06@gmail.com

Напомена:

Заедно со пријавата за учество потребно е да се достави Извод и Тековна Состојба од Централен регистар на Р. Македонија, не постар од 3 (три месеци), како и решение за вршење дејност спорт издадено од Агенција за млади и спорт.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на