Наши пријатели

Информација

лог

Почитувани,

Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19.

Ве информираме дека следните лица кои што се дел од машката сениорска ракометна репрезентација се позитивни на корона вирусот:

Александар Царчев – тренер на голмани

Никола Матлиески – помошник тренер

Радослав Стојановиќ – помошник тренер

Марио Танкоски – ракометар

Мартин Велковски – ракометар

Мартин Поповски – ракометар

Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.

Согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена Прес-конфрренција/ брифинг со медиуми.

Се замолуваат претставниците на медиумите да имаат разбирање и да се почитуваат предвидените протоколи, за секоја измена на состојбата врска претстојниот собир РФМ ќе излезе со соопштение.

Со почит.

Ракометна Федерација на Македонија

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright