Наши пријатели

ГРК Борец подобар од Вардар 2 во баражот за опстанок во Суперлигата

Capture

ГРК Борец од Велес ќе се натпреварува во Суперлигата и наредната сезона, откако во бараж-натпреварот против второпласираната екипа од Првата Лига, Вардар 2, славеше со 26-20.

На средбата одиграна вчера на неутрален терен во Прилеп, велешани водеа во текот на сите 60 минути и заслужено стигнаа до триумфот. Предводен од Ивица Лазаровски и Мартин Гинов, ГРК Борец го отвори натпреварот со предност од 3-0, а до крајот на полувремето постојано ја зголемуваше предноста и на пауза замина со 15-9. Во второто полувреме, Вардар 2 најмногу успеа да се приближи до 5 голови негатива, а Борец знаеше како да го задржи водството за конечен триумф од 26-20.

Мартин Гинов со 8 голови беше прв стрелец во победничкиот тим, а Ивица Лазаровски додаде 6 гола. Кај Вардар 2, Тоше Ончев со 5 гола заврши како најдобар реализатор, додека по 3 гола додадоа Димовски, Кукуловски и Крстевски.

ЗАПИСНИК ОД НАТПРЕВАРОТ

Со оваа средба се комплетираа возбудувањата во машките сениорски лиги на Македонија за сезоната 2015/16. Металург 2 како последнопласиран во плеј-аутот наредната сезона ќе игра во Првата Лига. Mесто во Суперлигата обезбеди ХЈС Работник кој заврши на највисоката позиција во Првата Лига.

Фото: Gol.mk

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright