Голем интерес за натпреварот Македонија – Романија, во продажба уште мал број влезници

Голем интерес за натпреварот Македонија – Романија, во продажба уште мал број влезници

Македонската сениорска машка репрезентација игра исклучително важен натпревар од Баражот за Светското Првенство 2019 против селекцијата на Романија во недела во Скопје, а интересот на јавноста за овој натпревар е голем, така што на четири дена до почетокот на натпреварот, во продажба се останати уште мал број на влезници.

Досегашниот интерес најавува преполна сала и максимална поддршка за нашите репрезентативци кои посакуваат што е можно повисока победа пред реваншот што на 13 јуни ќе се игра во Клуж во Романија.

Натпреварот Македонија – Романија во Скопје е закажан за 10 јуни од 20:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“. Им препорачуваме на сите љубители на ракометот и на сите кои сакаат да им дадат поддршка на нашите репрезентативци да стигнат до посакуваната цел, навреме да набават влезници за натпреварот.

Влезниците се продаваат на сите продажни места на МК Тикетс низ државата, по цени од 100 денари (долни трибини – партер) и 200 денари (горни трибини). Влезниците може да се резервираат и online на интернет страницата на МК Тикетс.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024