Наши пријатели

Домаќинот ЖРК Куманово и ЖРК Вардар во финалето на Женскиот Куп

куп Македонија

Во првиот полуфинален натпревар од Женскиот Куп се сретнаа бранителот на титулата ЖРК Вардар против екипата на ЖРК Стружанка. Екипата на ЖРК Вардар беше поуспешна со резултат 27-18, на полувреме 16-12.

Двете екипи во почетните минути од натпреварот беа максимално изедначени се до 19-тата минута кога ЖРК Вардар го забележа своето најголемо водство од 11-07. До крајот на првиот дел ЖРК Вардар го задржа водството и на полувреме си замина со резултат 16-12.

Во вториот дел двете екипи играа цврсто во одбраната и тешко се постигнуваше гол. Екипата на ЖРК Вардар на осум минути пред крајот на натпреварот имаше и седум голови предност (24-17), но на крај конечен резултат на натпреварот беше 27-18 (записник од натпреварот).

Најефикасни ракометарки беше Ангела Костовиќ (ЖРК Вардар) и Теодора Маркоска (ЖРК Стружанка) со по 7 погодоци.

Во 20:00 часот се одигра и вториот полуфинален натпревар помеѓу домакинот ЖРК Куманово и екипата на ЖРК Металург. Натпреварот заврши со резултат 29-22 во корист за ЖРК Куманово.

Натпреварот започна изедначено, со голема борба и цврста игра во одбраната. ЖРК Куманово стигна до рано водсто 4:2 и до 6:3, потоа ЖРК Металург изедначи на 8:8. Падот на играта на ЖРК Металург успешно го искористи домаќинот и на полувреме замина со резултат 15:10.

Второто полувреме започна со серија од 3-0 за ЖРК Куманово (18-10), водство кое го одржуваа до самиот крај на натпреварот.

Конечен резултат на натпреварот ЖРК Куманово – ЖРК Металург 29-22 (записник од натпрварот).

Шарановиќ Ана со 9 погодоци и Сања Дабевска беа најефикасни ракометарки за екипата на ЖРК Куманово, додека Јана Калајџиевска со 7 погодоци и Леонида Гичевска со 5 погодоци беа најефикасни за ЖРК Металург.

Сабота (11.05.19) во 16:00 часот во СС “Куманово” ќе се одигра Женското Куп финале помеѓу домаќинот ЖРК Куманово и бранителот на титулата ЖРК Вардар.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright