Наши пријатели

Денеска ќе бидат извлечени групите за Европско Првенство 2020

draw

Денес со почеток од 18:45 часот во Виена, ќе се одржи извлекувањето на групите за претстојното Европско Првенство во сениорска машка конкуренција, што во Јануари 2020 година, ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.

Македонија по освоеното прво место во квалификациската група, го обезбеди своето учество на Европското првенство, а во пресрет на извлекувањето нашата селекција е сместена во вториот шешир. Според системот на натпреварување, извлечени ќе бидат шест групи со по четири репрезентации, од кои најдобропласираните две селекции, продолжуваат во втората фаза.

Шешир 1: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка

Шешир 2: Норвешка, Словенија, Германија, Македонија, Унгарија, Белорусија

Шешир 3: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Латвија

Шешир 4: Полска, Русија, Србија, Украина, Босна и Херцеговина, Холандија

Директен пренос од извлекувањето на групите може да се проследи во живо на ТВ Телма и EHF Youtube.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright