Наши пријатели

Четврта титула за ЖРК Металург

METALURG GRUPNA

Ракометарките на Металург против Стружанка го одиграа последниот натпревар од Првенството за сезоната 2018/19, со што ја освоија титулата во Националниот шампионат. Резултатот од натпреварот заврши во корист на Металург 32-18, на полувреме 12-11.

За ракометарките на Металург ова беше четврт трофеј од Првенството, откако за прв пат славеа во сезоната 2009/10. Со ова Металург се доближува на втората позиција меѓу најуспешните во историјата на натпреварувањето, со два трофеи помалце од Вардар. Сите преостанати сезони во Женската Суперлига му припаднаа на Кометал Ѓорче Петров, кој со 17 трофеи (од 1992/93 до 2008/09) и натаму е најуспешниот македонски женски клуб.

На церемонијата што се одржа по завршување на натпреварот, пехарот и медалите ги доделија Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов и Генералниот Секретар, Филип Милошевски.

METALURG SLAVJE

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

 

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright