Брестовац повика 18 ракометари на првиот собир на Кадетската репрезентација

Брестовац повика 18 ракометари на првиот собир на Кадетската репрезентација

Селекторот на Кадетската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, ги објави имињата на 18-те ракометари кои ги повика на првиот собир на репрезентацијата за подготовка и настап на Меѓународниот турнир во Плок, Полска.

Првиот собир на Кадетите ќе се одржи на 22 октомври 2017 година во салата „Расадник“ во Скопје со почеток од 18:00 часот, а селекторот Брестовац ги повика следните играчи:

Голмани: Марко Кизиќ (Вардар), Виктор Василевски (Металург 2), Андреј Петковски (Вардар)
Крила: Симон Гучевски (КЛ-7 Струга), Марко Божиновски (Металург 2), Дарко Кондев (Металург 2), Ален Ќосевски (Вардар), Васе Наков (Вардар)
Бекови: Илија Меловски (Металург 2), Тони Атанасовски (Вардар), Дејан Џигеровски (КЛ-7 Струга), Бобан Каковски (Еурофарм Работник), Мартин Карапалевски (Вардар), Мартин Серафимов (Металург), Димитар Ристовски (Металург 2)
Пикери: Кристијан Симоновски (КЛ-7 Струга), Андреј Митиќ (Металург 2), Мартин Мајсторовски (Вардар)

[Список на повикани ракометари за прв собир на Кадетска репрезентација]

Според планот во текот на ЕХФ неделата наменета за репрезентативни подготовки и настапи, нашата Кадетска репрезентација ќе се подготвува во Скопје во периодот од 22 до 26 октомври. Потоа, тимот на Данило Брестовац заминува на меѓународен турнир во Плок, Полска, кој ќе се игра до 30 октомви. Овие подготовки и овој турнир се во склоп на подготовките за настапот на ЕХФ Шампионатот за Кадети летово, односно за Светското Кадетско првенство кое наредното лето ќе се игра во Скопје

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

ИНФОРМАЦИЈА

Почитувани, Женската сениорска национална селекција , во рамки на квалификацискиот циклус Women’s EHF EURO 2024