Пораз од Египет во вториот натпревар на СП

Пораз од Египет во вториот натпревар на СП

Сениорската машка репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Египет во вториот натпревар на СП 2021 во Египет.

Ракометарите на Египет уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо на игра, по одиграни десетина минути од натпреварот репрезентацијата на Египет успеа да стекне 6 голови предност, предност која до крај на полувремето ја зголемуваше. Резултатот на полувреме беше 20:06 за Египет.

мкд1

Во второто полувреме Египет повторно со одлична игра во нападот и одбраната своето водство го зголемуваше и по одиграни 42 минути имаше и дваесет голови предност. Конечен резултат на натпреварот 38:19.

За нашиот национален тим најефикасени ракометари беа Кирил Лазаров, Никола Маркоски и Жарко Пешевски со по 3 постигнати погодоци. За репрезентацијата на Египет најефикасен ракометар беше Шебиб со 8 погодоци.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на