Ракометната федерација на Македонија им се заблагодарува на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска

Во пресрет на натпреварот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија, Ракометната федерација на Македонија им оддаде признание и искрена благодарност на три истакнати репрезентативки кои ставија крај на својата репрезентативна кариера: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска.

Во знак на почит за нивниот придонес кон македонскиот ракомет, на пригодна церемонија им беа врачени врамените дресови од страна на претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски, како и легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ.

РФМ им изразува искрена благодарност за професионализмот, пожртвуваноста и посветеноста што ја покажаа во дресот со националниот грб. Нивниот пример ќе остане инспирација за идните генерации ракометарки.

Ви благодариме, Јована, Елена и Симона!❤️

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email

Останати вести