Идеалниот тим на завршниот турнир од Газпром СЕХА лигата ставен е од играчи на четири екипи, но нема ниту еден од Вардар. Најмногу има од победникот Веспрем, Ласло Наѓ, Гашпер Маргуч и Роланд Миклер. Дмитри Никуленков од Мешков и Сандро Обрановиќ се од Загреб и ја дополнуваат бековската линија, Растко Стојковиќ е најдобар пикер, а место доби и Радослав Антл, левото крило на Татран Прешов, кој е воедно и најдобриот стрелец во СЕХА оваа сезона со 125 гола.
Голман: Роланд Миклер (Веспрем)
Лево крило: Радослав Антл (Татран)
Лев бек: Сандро Обрановиќ (ППД Загреб)
Среден бек: Димитри Никулену (Мешков)
Десен бек: Ласло Наѓ (Веспрем)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)
Пивотмен: Растко Стојковиќ (Мешков)
МВП на Ф4: Хозе Марија Родригез (Веспрем)