Кадетките поразени и во втората подготвителна средба со Бугарија

Кадетките поразени и во втората подготвителна средба со Бугарија

Кадетската женска репрезентација на Македонија (до 17 години) загуби и во вториот подготвителен натпревар во Бугарија против домашната селекција. По синоќешната резултатски тесна средба, денеска Бугарија славеше со 28-20.

Селекторот Јулијана Дамчевска ја искористи можноста и повеќе да ротира со составот и да разгледа различни тактички варијанти кои би можеле да и послужат за време на ЕХФ Шампионатот што ќе се игра во Скопје во периодот од 31 јули до 6 август 2017 година.

Денешниот натпревар имаше сличен почеток како вчерашниот, со благо водство на Бугарија, но за разлика од вчера, домаќинот денеска го доби и крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 14-8. Ја поправија играта во нападот нашите ракометарки во второто полувреме, сепак Бугарија повторно дојде до ситуација да постигне 4 голови во низа и со тоа да го реши победникот на мечот. Резултатски мирните последни минути ги донесоа конечните 28-20 за Бугарија.

По овој втор натпревар нашите кадетки се враќаат во Скопје каде ќе продолжат со подготовките за ЕХФ Шампионатот. Турнирот ќе се игра во СРЦ „Кале“, а Македонија е во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести