ИЗВЛЕЧЕНИ СЕ КВАЛИФИКАЦИСКИТЕ ГРУПИ ЗА ПЛАСМАН НА ЕУРО 2028

Денес во Лисабон, Португалија се одржа извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2028 година.

Македонија во пресрет на ждрепката беше дел од вториот шешир, а по извршеното извлекување ќе настапува во групата 8, заедно со репрезентациите на Шведска, Грција и Луксембург.

Нашата селекција ја очекува интересен и предизвикувачки квалификациски циклус во борбата за ново учество на големо натпреварување.

ЕХФ ЕУРО 2028 ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија во период од 13 до 30 јануари 2028 година.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn
Reddit
Pinterest
Email