ИЗЈАВА

Ракометната федерација на Македонија упатува искрени честитки до најтрофејниот македонски ракометен клуб кој успеа да ни го донесе најелитното европско ракометно злато! Големи и срдечни честитки за Вардарци кои испишуваат историја во македонскиот ракомет! Единствениот дебитант на теренот во Келн им одржа лекција за борбеност, истрајност, силен тимски дух и единство во составот, на веќе одомаќинетите екипи од спротивната страна на голот.

Чест и задоволство беше од трибините на “Ланксес арената” да се бодрат момците предводени од големиот Раул Гонзалес, кои го вложија секој атом од силите за да ни го овозможат овој историски успех и да ни го донесат најпосакуваниот ракометен трофеј на стариот континент.

Им благодариме!
НАПРЕД ВАРДАР!

Живко Мукаетов
Претседател на Ракометната федерација на Македонија

IMG_0863

IMG_0862
IMG_0843

IMG_0835

IMG_0824

IMG_0793

IMG_0792

 

 

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

СЕЛЕКТОРОТ НА МАШКАТА МЛАДИНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА РАКОМЕТАРИ РОДЕНИ 2004 ГОДИНА И ПОМЛАДИ РАДОСЛАВ СТОЈАНОВИЌ ГО ОБЈАВУВА СПИСОКОТ НАПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ

Селекторот на машката младинска репрезентација, г-дин Радослав Стојановиќ го објавуваат списокот на повикани

Известување

Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од