Информација

Информација

Почитувани,

Ве информираме дека  Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 17.08.2023 год. ги донесе следниве одлуки :  

Одлука бр.1,утврдување термин за одржување на редовно собрание на РФМ :

  • Управниот Одбор донесе Одлука за одржување на редовно собрание на ден 02.09.2023 година со почеток во 11:30 часот, во просториите на Град Скопје, сала за одржување на седници  (дневен ред во прилог) ; 

Одлука бр.2, за одредување парична награда на кадетската машка ракометна репрезентација.

  • Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади), за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Известување

Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024