Ве информираме дека на ден 02.03.2026 (понеделник) во 12:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија ќе се оддржи извлекување на групната фаза Куп на Македонија во машка конкуренција.
Согласно пропозициите за Куп на натпреварување извлкувањето се врши на следниот начин:
Редоследот на екипи победници во елиминационото коло се прави согласно пласманот од сезона 2024/2025 година.
Групната фаза ќе се игра во 4 групи со по 4 екипи. Групите ќе бидат формирани со извлекување на следниот начин:
Во првиот сад (носители) ќе бидат екипите рангирани 1-4 место согласно пласманот во сезона 2024/2025, а тоа се РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961, РК Алкалоид и ГРК Охрид.
Во вториот сад ќе бидат екипите рангирани од 5-7 место согласно пласманот во сезона 2024/2025 и најдоброрангираната екипа согласно пласманот во сезона 2024/2025 од 9 екипи победници во елиминационото коло, а тоа се РК Бутел Скопје, ГРК Тиквеш 2014, РК Пролет 62 и РК Прилеп
Во третиот сад ќе бидат екипите рангирани 9-12 место согласно пласманот во сезона 2024/25 и екипи кои се натпреварувале во Прва машка лига согласно пласманот во сезона 2024/2025, а тоа се МРК Куманово, РК Радовиш, РК Струга и РК Еурофарм Пелистер 2
Во четвртиот сад ќе бидат екипите кои се натпреварувале во Прва машка лига согласно пласманот во сезона 2024/2025, а тоа се РК Мулти Есенс, РК Македонија Ѓорче Петров, РК Младост 1977 и РК Драчево Јуниор.






