РК ВАРДАР 1961
РК Вардар е основан во 1961 година, како дел од Спортското друштво Вардар од Скопје кое постои од 1947 година. Позначајниот подем на клубот почнува во последната деценија од минатиот век.
На европската ракометна сцена РК Вардар дебитираше во сезоната 1993/94 во натпреварите од Купот на ЕХФ. Во ЕХФ Лигата на шампионите трипати стигна до четвртфиналето и тоа три сезони по ред, што досега не му успеало на ниту еден машки клуб во Македонија. Три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/99, 2004/05 и 2010/11), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/07), а еднаш беше четвртфиналисти во Челинџ купот (2005/06). РК Вардар е најсупешната машка екипа од Македонија.