РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Првичниот клуб РК Пелистер е основан во 1955 година, додека денешното правно лице РК Еурофарм Пелистер е основан во 2011 година. Моментално се натпреварува во македонската супер лига.

РК Пелистер е првиот основан ракометен клуб во Македонија, формиран во 1946 година под името Пелагонија. Потоа, во 1955 година, го променил името во Пелистер. 1960-тите години биле многу успешни, освојувајќи 4 шампионски титули почнувајќи од 1960 година до последната во 1969 година. Клубот освоил уште три титули во 1970-тите. Во 1980-тите, сезоната 1981 година била последната успешна, кога го освоил осмиот шампионски трофеј.

РК ЕУРОФАРМ РАБОТНИК Битола е формиран на 9 март 2011 година во Битола и веќе неколку сезони се натпреваруваше во Првата машка ракометна лига како и во кадетска и пионерска конкуренција под капата на ракометната федерација на Македонија.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции.