Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер.
За најдобар тренер во машка конкуренција е избран селекторот Кирил Лазаров, а во женска признанието му беше врачено на шефот на стручниот штаб на шампионот ЖРК Ѓорче Петров, Симе Симовски.
„РАКОМЕТАРИ НА ГОДИНАТА 2025“ – ЛАУРЕАТИ:
најдобра ракометарка – Катерина Дамјаноска
Најдобар ракометар – Филип Кузмановски
Најдобар тренер мажи – Кирил Лазаров
Најдобар тренер жени – Симе Симовски
Најдобра млада ракометарка – Марија Јанкуловска
Најдобар млад ракометар – Димитар Узунчев
Најдобра ракометарка во Македонија од странство – Ана Вранчиќ
Најдобар ракометар во Македонија од странство – Дмитро Горига
Најдобар судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Најдобар стрелец мажи – Давид Димевски
Најдобар стрелец жени – Марија Анчева
Најдобра ракометарка (социјални мрежи) – Теодора Гулицоска
Најдобар ракометар (социјални мрежи) – Никола Митревски
Награда за особен придонес (постхумно) – Илија Темелковски.
Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола Митревски.

Македонскиот репрезентативен голман и член на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски е еден од ракометарите коj доби наградата. Митревски уште еднаш доби потврда дека е вистински пример за сите генерации, тој беше избран за најдобар ракометар од страна на публиката преку социјалните мрежи.
„Викендот беше чест да се биде дел од возобновената ракометна манифестација, Ракометари на Македонија 2025, организирана од Ракометната федерација.
Ви благодарам на сите за поддршката којашто ја добив за избор за најдобар ракометар според навивачите за сезоната 2024/25.
Ова признание ми е поттик да продолжам да работам уште понапорно, да се усовршувам и да бидам пример за младите спортски надежи дека со труд, упорност и срце – сè е можно“, напиша Митревски.
Награда за особен придонес во ракометот постхумно му беше доделена на поранешниот селектор Илија Темелковски.

Сабота, 01.11.2025
DoubleTree by Hilton Skopje.
															















