Репрезентацијата на Македонија во машка и женска конкуренција ќе настапи на Европско Првенство во ракомет на плажа. Европското првенство ќе се одржи во градот Старе Јаблонки – Полска во период од 02-07 јули 2019, а ќе учествуваат 20 репрезентации во машка и во женска конкуренција.
Европско првенство (мажи) извлечени групи:
Група А: Шпанија, Норвешка, Германија, Турција, Романија
Група Б: Русија, Данска, Србија, Португалија, Словенија
Група Ц: Хрватска, Украина, Швајцарија, Италија, Македонија
Група Д: Унгарија, Шведска, Полска, Франција, Црна Гора
Европско првенство (жени) извлечени групи:
Група А: Норвешка, Холандија, Хрватска, Романија, Турција
Група Б: Полска, Франција, Унгарија, Португалија, Кипар
Група Ц: Шпанија, Италија, Швајцарија, Грција, Словенија
Група Д: Данска, Русија, Украина, Германија, Македонија
Македонската женска селекција ќе се натпреваруваат во групата Д заедно со репрезентациите на Данска, Русија, Украина и Германија, додека машката селекција ќе ги одмери силите со репрезентациите на Хрватска, Украина, Швајцарија и Италија кои по одржаниот ждреб се наоѓаат во групата Ц.