Наши пријатели

ЖРК Вардар СЦБТ по вторпат на Ф4 во Лигата на шампионите

zrk vardar althaus

Ниту двојниот европски првак, Ѓер не можеше да застане на патот на ракометарките на Вардар кои во реваншот во Унгарија одиграа нерешено, 27-27 и се пласираа по вторпат на завршниот турнир од Лигата на шампионките.

Само во првото полувреме домаќинките ја имаа иницијативата, и водство. Одбраната на Вардар уште подобро одигра на крајот од првиот дел, и намали на 13-12 на полувреме. Тоа беше знак дека последните 30 минути од овој двомеч ќе бидат исцрпувачки, без калкулација, а Вардар беше подготвен не само да ги одбрани шесте гола од Скопје, туку и да победи на гостувањето.

И тоа ќе му успееше, бидејќи имаше водство од 20-17 во 45 минута навестувајќи го новиот клупски успех. Кога веќе се беше решено, малку дојде и опуштање, но почна славјето околу нашиот пласман во Будимпешта.

Најдобра поединка на мечот беше Андреа Пенезиќ со осум гола, пет постигна Јованка Радичевиќ, четири Лекиќ, а по седум одбрани запишаа Суслина и Лејно.

Покрај Вардар, место во фајналфорот обезбеди и Динамо-Синара.

Ѓер – Вардар 27-27 (13-12)

Ѓер
: Кнедлова 1, Локе 3, Де Арајо, Сен 6, Коршош 6, Хер, Ковачич 5, Агилар 1, Планета, Чепеши, Милановиќ Литре 2, Хорњак 1, Боди 2, Чапо, Гримсбо.

Вардар:
Радичевиќ 5, Гакидова, Лејно, Николиќ 3, Лазовиќ Варлец 2, Дембеле 1, Сокач, Алтхаус 3, Кликовац, Пенезиќ 9, Черноиваненко, Ихнева, Суслина, Хмирова, Лекиќ 4.

Фото: zrkvardar.mk

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright