Наши пријатели

ЖРК Вардар освојувач на Купот на Македонија 2017 во женска конкуренција

028

Бранителот на трофејот ја оправда фаворитската улога и во финалето во салата Автокоманда во Скопје, убедливо го совлада ЖРК Металург со 45-19.

Ракометарките на Металург успеваа да одржат резултатска неизвесност само во првите 10 минути од натпреварот, кога имаа и водство од 4-3, но веднаш потоа следуваше серија на Вардар од 11-1, за водство кое не го испуштија до крајот. На полувреме се замина со 21-10 за Вардар, а разликата продолжи да се зголемува и во второто полувреме за конечни и убедливи 45-19 за ЖРК Вардар.

[Записник од натпреварот]

Александра Лакрабер до 12 голови беше прв стрелец на финалето, во кое нов одличен меч одигра и Сара Ристовска со 7 голови. Кај Металург, Дабевска и Николиќ постигнаа по 4 голови.

По завршувањето на Завршниот турнир во Купот, доделени беа и индивидуалните признанија:
Најкорисен играч (МВП): Александра Лакрабер (ЖРК Вардар)
Најдобар стрелец: Сара Ристовска (ЖРК Вардар) – 24 гола
Најдобар голман: Матеја Серафимова (ЖРК Металург)

Ова беше петти трофеј за ЖРК Вардар во Куп натпреварувањето и четврти во низа.

Веќе утре (недела) почнува Фајнл Фор турнирот и во Првенството на Македонија во женска конкуренција. Во двете полуфинални средби што ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“ од 15:30 и 17:30 часот, се среќаваат ЖРК Вардар – ЖРК Куманово, односно ЖРК Вардар СЦЈС – ЖРК Металург. Финалето на Женската лига ќе се одигра во понеделник од 15:00 часот.

(Фото: Петр Стојановски)

027

021

022

024

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright