Наши пријатели

ЖРК Металург освојувач на Кадетската женска лига

0

Викендов во салата „Билјанини Извори“ во Охрид се одржа Фајнл Фор турнирот во Кадетска женска конкуренција. Во финалната средба, Металург го совлада Вардар СЦЈС со 26-21 и се закити со златниот медал, додека во натпреварот за бронзата, домаќинот Лихнид славеше против Куманово со 25-21.

Пред овие последни две средби, одиграни беа и полуфиналните натпревари во кои Металург беше убедлив против Лихнид остварувајќи победа од 28-10, додека Вардар СЦЈС во тесен натпревар го победи Куманово со 23-22.

За најдобар играч на турнирот прогласена беше Јана Калајџиевска од Металург, додека најдобар стрелец беше Мила Трајковиќ од Куманово. Признанието за најдобар голман го доби Јована Мицевска од Вардар СЦЈС.

Во најдобриот тим на турнирот (All Star Team) се најдоа:
Јована Мицевска (голман) – Вардар СЦЈС
Билјана Диневска (лево крило) – Вардар СЦЈС
Јана Калајџиевска (лев бек) – Металург
Мила Трајковиќ (среден бек) – Куманово
Тамара Ивановска (десен бек) – Куманово
Јована Кипријанова (десно крило) – Куманово
Ивона Блажевска (пикер) – Лихнид

8

9

Фајнл Фор турнир – Кадетска лига жени, резултати:
Полуфинале
Металург – Лихнид 28-10 (12-7)
Куманово – Вардар СЦЈС 22-23 (9-9)
Натпревар за 3 место
Лихнид – Куманово 27-25 (15-13)
Финале
Металург – Вардар СЦЈС 26-21 (12-10)

Турнирот во Охрид беше првиот Завршен турнир за оваа натпреварувачка сезона во младите категории. Наредниот викенд ќе се одржи Фајнл Фор турнирот и во машка кадетска конкуренција. Сите резултати од младите категории може да се најдат на овој линк.

DSC_0069

DSC_0221

DSC_0175

DSC_0161

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright