Наши пријатели

Задоволство во ЕХФ за добрата организација на Женското Кадетско Првенство летово во Скопје

W17-EHF-EURO-Trophy-and-Medals-Ceremony-5436

Натпреварувачката комисија на ЕХФ на почетокот на септември во Виена го одржа последниот состанок за годинава, на кој детално се разговарало за организацијата на сите натпреварувања на континентално ниво.

Македонија го организираше Европското Првенство за девојки до 17 години во Скопје, а во својот извештај по состанокот, Натпреварувачката Комисија на ЕХФ наведе исклучиво позитивни впечатоци за организацијата. Со потенцирање на „особено добрата соработка на Организацискиот Комитет на РФМ со ЕХФ“, издвоени се и „добрата комуникација со партиципантите“, „квалитетните услови во спортските арени“, како и одличното медиумско покривање на настанот и вклучувањето на едукацискиот проект „Млади Репортери“ во процесот.

Европското Кадетско Првенство (до 17 години) во женска конкуренција се одржа од 13 до 23 август 2015 година во Скопје, а настапуваа вкупно 16 репрезентации, меѓу кои и Македонија. Натпреварите се играа во Спортските Центри „Јане Сандански“ и „Борис Трајковски“, а дополнително за одржување на тренинзи беа користени и малата сала на СЦ „Јане Сандански“, како и СРЦ „Кале“. По 10-дневниот турнир, Данска го освои трофејот по триумфот во финалето против Русија.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright