Викендов се играат четвртфиналните средби од Купот на Македонија 2018

Викендов се играат четвртфиналните средби од Купот на Македонија 2018

Два од трите турнири во Скопје и еден во Битола ќе се одиграат во рамки на четвртфиналето од Купот во машка конкуренција, а покрај овие натпревари, во текот на викендот што претстои, се играат и три од четирите четврфинални средби во женскиот Куп, додека во првата средба, ЖРК Пелистер со триумф над ЖРК Гевгелија веќе го обезбеди своето место на Фајнл Фор турнирот.

Домаќини на четирите турнири во машка конкуренција се РК Вардар, РК Еурофарм Работник, РК Бутел Скопје и РК Металург, а по одигрувањето на полуфиналните и финалните средби, четирите победници од групите ќе се пласираат на Фајнл Фор турнирот. Според календарот на натпревари, Фајнл Фор турнирот од овогодинешниот Куп во машка конкуренција ќе се игра на 19 и 20 мај 2018 година.

[Пропозиции – Ракометен Куп на Македонија]

Викендов ќе се одиграат турнирите во групите 2, 3 и 4, додека турнирот од групата 1 е одложен и термините ќе бидат објавени дополнително, поради настапите на РК Вардар во Лигата на шампионите.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ, 1/4 ФИНАЛЕ – делегирање

Група 1, СЦ Јане Сандански – Скопје
Полуфинале:
РК Металург 2 – РК Вардар
ГРК Борец – РК Металург Јуниор

Група 2, Сала Младост – Битола
Полуфинале:
20.04.2018 (11:00) РК Прилеп 2010 – РК Еурофарм Работник 21-36 (10-17) – записник од натпреварот
20.04.2018 (13:00) РК Струга – РК Радовиш
Финале:
20.04.2018 (18:00) РК Еурофарм Работник – РК Струга/РК Радовиш

Група 3, Сала Радишани – Скопје
Полуфинале:
21.04.2018 (15:00) РК Делчево Вардар – РК Пелистер
21.04.2018 (18:30) РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013
Финале:
22.04.2018 (16:00) РК Делчево Вардар/РК Пелистер – РК Бутел Скопје – РК Охрид 2013

Група 4, Сала Автокоманда – Скопје
Полуфинале:
20.04.2018 (17:00) РК Пролет 62 – РК Вардар Неготино
20.04.2018 (19:15) РК Металург – РК Вардар Јуниор
Финале:
21.04.2018 (17:00) РК Пролет 62/РК Вардар Неготино – РК Металург/РК Вардар Јуниор

Паралелно со трите турнири во машка конкуренција, ќе се одиграат и трите преостанати четвртфинални натпревари во Купот на Македонија во женска конкуренција. Победниците ќе обезбедат учество на Фајнл Фор турнирот што ќе се игра на 19 и 20 мај и ќе му се придружат на ЖРК Пелистер кој со победата над ЖРК Гевгелија, веќе се пласираше меѓу најдобрите четири.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЖЕНИ, 1/4 ФИНАЛЕ – делегирање

18.04.2018 (13:30) ЖРК Гевгелија – ЖРК Пелистер 16-33 (06-17) – записник од натпреварот
20.04.2018 (18:30) ЖРК Куманово – ЖРК Вардар Јуниор
20.04.2018 (19:30) ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Вардар
21.04.2018 (17:00) ЖРК Деспина – ЖРК Металург

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести