Веспрем е нов првак на СЕХА лигата

Веспрем е нов првак на СЕХА лигата

За Веспрем ова е прв трофеј сезонава, прв во Регионалната лига каде дебитира токму сезонава, и првпат се случува домаќин на завршниот турнир на го освои. Унгарците беа фаворити за трофејот уште пред почетокот на овој завршен турнир, и во финалето им беше полесно, за разлика од полуфиналниот натпревар.

Белоруските се држеа само во првите 13 минути кога беше 5-5, а потоа целата иницијатива беше на страната на домаќините. Во ниту еден момент не беше  доведена во прашање победата, која на крајот беше изразена со двоцифрена предност.

Крилото Гашпер Маргуч постигна девет гола од исто толку обиди за Веспрем, а Гарсија Угалде имаше осум гола. Кај Мешков, Растко Стојковиќ постигна 8 гола.

Конечен пласман

1. Веспрем
2. Мешков
3. ППД Загреб
4. Вардар

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на