Наши пријатели

Вардарки го добија шампионскиот пехар

vardarki pehari medali (14)

Ракометарките на Вардар СЦБТ го добија шампионскиот пехар за освоената трета титула во Супер лигата на Македонија. По дуелот против тимот на ЖРК Вардар штого добија „поискусните“ со 34-18, медалите и пехарот на вардарки им го додели претседателот на РФМ, Живко Мукаетов заедно со генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски.

Без Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Ина Суслина и Симона Стојановска во екипата, шампионките имаа проблем да направат разлика против мотивираните девојки на Симе Симовски, па тоа им успеа дури во завршните седум, осум минути. По водството од 9-8, направија серија од 4-0 и благодарение на неа заминаа на пауза со 14-9.

Во вториот дел, се играше поопуштено и на двете страни, поголема минутажа добија девојките кои почесто се резерви, а предноста на вардар растеше. Од 20-10 во 37. минута, до највисоките 34-17  пред крајот, но ЖРК Вардар со седмерец во последната секунда го постави конечниот резултат.

Покрај доделувањето на пехарите, имаше уште една свеченост по натпреварот. Имено, Вардар се раздели од две ракометарки и од двајца членови на стручниот штаб. Кариерата ја заврши Јуле Николиќ, а си заминуваат Бегоња Фернандез, асистентот на Индира Кастратовиќ, Урош Брегар, како и досегашниот кондициски тренер, Ненад Њаради.

vardarki pehari medali (12)

vardarki pehari medali (15)

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright