Наши пријатели

Вардар јуниор победник на Прва лига и нов суперлигаш

Екипата на Вардар јуниор  се победници во Првата ракометна лига на Македонија, со што директно изборуваат пласман во машката Супер лигата во следната сезона.

Во натпреварот од 16 коло, помладите вардарци го совладаа Младост од Богданци со 36-20 и го одржаа стопроцентниот свој учинок на табелата со максимален број победи.

Разликата во квалитетот се покажа и во денешниот натпревар, во кој вардарци направија разлика од 20-10 уште по првото полувреме.

По завршувањето на мечот, момците предводени од Пепи Манасков, ги добија и заслужените медали и пехар за победа во Првата лига.

Вардар – Младост 36-20 (20-10)

Вардар: Чаневски, Ивановски, Костовски 4, Спасовски 1, Вујачиќ 4, Недановски 5, Ѓеорѓиев 1, Чурлевски 3, Ангелов 2, Јовчевски 4, Андовски 2, Органџиев 1, Тренчевски, Ристов 3, Поповски 6.

Младост: Паунков, Џишев, Прошев 2, Стојчевски 5, Исичков 7, Ампов 1, Ташков 2, Узунчев 2, Динов 1.

 

 

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright