Наши пријатели

Вардар го одбрани Суперкуп трофејот

vardar-e-pobednik-na-super-kupot-17155

Актуелниот македонски шампион и освојувач на македонскиот Суперкуп, РК Вардар, со победа од 33-24 против ривалот Металург, го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија.

На натпреварот што се одигра пред полните трибини на Отвореното ракометно игралиште во Струга, Вардар водеше во текот на сите 60 минути и славеше заслужена победа. Металург единствено успеа да изедначи во 12-та минута (4-4), но потоа Вардар најпрво се одлепи на 10-6, за на полувреме да замине со водство од 16-10. Во ист стил се играше и второто полувреме, разликата постојано се движеше од 6 до 9 голови, за во рутинската завршница, тимот на Роберто Парондо да прослави конечен триумф од 33-24.

Со исклучок на двајцата голмани, сите останати ракометари на Вардар се запишаа во листата на стрелци, меѓу кои најпрецизен беше Тимур Дибиров со 8 погодоци. Кај Металург, четворица ракометари постигнаа по 4 голови – Јагањац, Димитриоски, Танкоски и Кузмановски.

[Записник од натпреварот]

Овој натпревар го означи стартот на натпреварувачката сезона 2018/19 во домашните натпреварувања. Во однос на лигашките натпревари, прва почнува Женската лига на Македонија на 9 септември, додека машките сениорски лиги своето прво коло ќе го очекуваат на 16 септември.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright