Утре почнува М20 ЕХФ Шампионатот во Скопје

Утре почнува М20 ЕХФ Шампионатот во Скопје

ЕХФ Шампионатот за ракометари до 20 години од утре па до 29 јули ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Во конкуренција на уште 10 европски селекции, македонската репрезентација пред домашната публика ќе се обиде да стигне до првото место на турнирот кое води на ЕП.

Вкупно 11-те репрезентации на ЕХФ шампионатот се поделени во две групи, а првата групна фаза ќе се игра до 26 јули. Најдобропласираните две репрезентации од секоја група, ќе вкрстат во полуфиналните средби што ќе се играат на 28 јули, додека останатите селекции ќе разигруваат за пониските места на турнирот. Финалето, мечот за третото место и сите останати натпревари за пласман се играат на 29 јули.

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде местото каде ќе се играат сите средби на турнирот, а според распоредот, дневно ќе се играат по пет натпревари, почнувајќи од 12:00 часот напладне. Репрезентацијата на Македонија својата прва средба ќе ја игра против Велика Британија утре од 20:00 часот, а пред тој натпревар ќе се одржи и кратка церемонија за отворање на ЕХФ Шампионатот. Влезот во салата за сите натпревари на турнирот ќе биде слободен.

Сите натпревари од ЕХФ Шампионатот ќе бидат пренесувани во живо (live stream) на официјалната интернет страница на турнирот (https://m20championship2018.mk). На страницата во текот на Шампионатот ќе може да се најдат и сите останати детали поврзани со натпреварите, заедно со составите на сите екипи учесници, резултатите, статистиката и голем број фотогалерии од сите средби.

Сподели:
Facebook
Twitter
LinkedIn

Останати вести

Информација

Почитувани, Согласно член  32, 34, 35, 38, од Статутот на Ракометната Федерација на