Наши пријатели

Убедлива победа на Кадетите против Ерменија

ARM_MAC_34

Кадетската репрезентација на Македонија (до 18 години) славеше убедлив триумф против Ерменија 49-13 во вториот натпревар на ЕХФ Шампионатот што се одржува во Бугарија.

Без сериозни проблеми и контролирајќи ја играта во текот на целиот меч, нашиот тим стигна до рано водство кое постојано го зголемуваше. Селекторот Иле Темелковски често ротираше со тимот, давајќи им поголема минутажа на сите ракометари. На полувреме се замина со 26-6 за Македонија, а рутинското второ полувреме ги донесе конечните 49-13.

Мице Шилегов со 9 голови беше најпрецизен во нашиот состав, Димитриоски и Ѓошевски постигнаа по 6 голови, Арсеновски беше стрелец на 5, а Димитровски додаде 4 голови. Уште во листата на стрелци се запишаа Јагуриновски, Крстевски и Серафимов со по 3 голови, односно Кукуловски и Танковски кои постигнаа по 2 гола.

По двете победи во првите две кола, Македонија е на делба на првата позиција во групата со Унгарија и Украина кои имаат ист учинок. Денеска (17 август) од 16:00 часот по македонско време, нашиот тим се среќава со Украина.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright