Наши пријатели

Тесен пораз на Кадетките во првиот пријателски меч со Бугарија, денеска се игра втората средба

kadetki

Кадетската женска репрезентација на Македонија (до 17 години) во склоп на подготовките за настап на ЕХФ Шампионатот што во Скопје ќе се игра од 31 јули до 6 август, периодов се наоѓа во Бугарија каде игра два натпревари против соодветната домашна селекција.

Првата средба се одигра синоќа и во неа Бугарија славеше со резултат 23-20. Бугарија подобро го отвори мечот и дојде до предност од 3 гола, а таа предност ја одржуваше и до крајот на првото полувреме кое заврши со резултат 12-8.

На средина од второто полувреме Бугарија со 4 гола во низа поведе со највисоки 20-14, па и покрај тоа што избраничките на Јулијана Дамчевска одиграа добро во завршницата и ја намалија негативата, немаа време за комплетен пресврт. Македонија се доближи најмногу до два гола негатива, а со голот во последната минута од мечот, домашниот состав ги постави конечните 23-20.

Денеска ќе се одигра и втората подготвителна средба помеѓу Бугарија и Македонија, по што нашите ракометарки се враќаат во Скопје и продолжуваат со редовните тренинзи до стартот на ЕХФ Шампионатот.

ЕХФ Шампионатот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје од 31 јули до 6 август 2017 година. Македонија е во група со Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Според распоредот, првиот меч нашата репрезентација ќе го одигра на 1 август од 17:00 часот против Грција.

Слични вести

Ракометна Федерација на Македонија, бул. "Кузман Јосифовски - Питу" бр. 15, 1000 Скопје © 2015 Copyright